Генералниот секретар на ДУИ вели дека се невистинити наводите на порталот на дневниот весник на албански јазик „Коха“ дека е постигнат договор за формирање влада меѓу СДСМ и ДУИ.
ДУИ е транспарентна партија. Во моментов, ниту една од многуте вести во медиумите не е потврдена од наша страна. Кога ќе имаме нешто конкретно, ќе бидете благовремено известени, напиша Груби на својот фејсбук профил.
Според него, ДУИ има пост-изборни контакти не само со СДСМ, туку и со другите партии и сите се како што вели Груби, „колегијални, пријателски и иницијални“.
Разговори за детали, како што се претставени, ниту имало, ниту се договорени со ниту една од страните“, пишува Груби на Фејсбук.