Откако во јавноста се појавија информациите дека веќе е постигнат договор за старо-ново парламентарно мнозинство и владина коалиција помеѓу СДСМ и ДУИ, со двосмислен и помалку ироничен статус на фејсбук излезе и потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири.
- Гладна кокошка просо сонува, напиша Зекири а во јавноста истиот се протолкува како директна порака до ДУИ кои бараат албанец да биде прв човек на Владата.
Kоха исто така напиша дека е постигнат договор за премиерското место на кое ќе ротираат – СДСМ три години и една година кандидатот на ДУИ.