Поранешниот советник во Министерството за финансии Бранимир Јовановиќ на својот фејсбук направи кратка споредбена анализа со неколку европски држави и нивната стратегија во однос на енергетскиот сектор во време на коронакриза, а во насока на денешното поскапување на струката во Република Македонија од 7%.
- Шпанија за времетраењето на кризава обезбеди гарантиран пристап до струја, вода и гас за сиромашните, дури и ако не плаќале сметки.
Италија ги суспендираше сметките за струја, гас, вода и ѓубре на 2 месеци.
Белгија им даде на домаќинствата до 100 евра за сметки за струја и 75 евра за сметки за гас.
Словенија ја намали цената на струјата за домаќинствата и малите фирми за 20%.
Кипар ја намали цената на струјата за 10% на 3 месеци.
Македонија ја зголемува цената на струјата за 7,4%, а има највисока сиромаштија и невработеност во Европа, вели Јовановиќ.