Тимчо Муцункси, новиот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денеска се соочил со несекојдневна и невообичаена ситуација откако пред почетокот на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија немал каде да го „паркира“ својот тротинет кој го користи како превозно средство бидејќи собраниското обезбедување не дозволило да биде внесено во внатрешниот простор на Парламентот.
- Собранието е подготвено да исплати илјадници евра патни трошоци, а истовремено има забрана за внесување на електрични тротинети во зградата. Собраниската бирократија мора да ја промениме, посебно кога е во интерес на животната средина и штедење на буџетски средства, реагираше Муцунски.