Пвриот човек на Сојузот на синдикатите на Македонија Дарко Димовски, за Алфа вели дека ако се остане на намерата да се покачи цената на струјата тогаш бараат да се покачат и платите за 7,4 проценти, за да можат луѓето да преживеат.

– Поскапувањето на струјата е избрзана одлука на Регулаторната комисија за енергетика. Претседателството на ССМ ја разгледуваше одлуката на РКЕ и констатира дека ова досега најголемо зголемување на цената негативно ќе влијае на животниот стандард на работниците, вели Димовски.

Денеска регулаторната комисија не покажа сопствен цврст став на тема укинување на одлуката за зголемување на цената. Првиот човек Бислимоски во обид да ја префрли топката практично призна дека како единствена регулаторна комисија не се моќни да ја променат одлуката, ако тоа не се одобри од енергетските компании.