Светски позното Мртво море во подрачјето на Фетије во турската област Мугла се именува како дестинација која е локомотива на турскиот туризам, благодарение на природните убавини, географската локација и историјата што датира уште од античко време.

Подрачјето на Мртвото море во Фетије секоја година е преплавено од илјадници локални и странски туристи благодарение на прекрасната глетка, уникатна природа во која се преливаат нијансите на сина и зелена, тиркизното мирно море и плажите со сини знамиња.

Над брегот на Мртвото море се издига планината Бабадаг висока 1.965 метри, која им нуди можност на оние кои посакуваат авантурите и на љубителите на адреналин, со помош на параглајдер да доживеат незаборавно искуство со уникатен поглед на морето.

Туристите кои со параглајдери полетуваат од планината Бабадаг од птичја перспектива уживаат во природата исполнета со бујни дрвја и длабоко синото море кое се протега пред нив, интегрирано во оваа прекрасна атмосфера.

На ова подрачје се наоѓаат и плажите со сино знаме Кумбурну и Белџекиз.

Сместен во југозападниот дел на Анадолија, Мртвото море ги фасцинира своите посетители и со својата античка историја. Ова море, кое во периодот на цивилизацијата Ликија е наречено „земја на сонцето и светлината“, на патување низ време ги понесува туристите, љубители на историските и културни локалитети кои во исто време сакаат да уживаат и во задоволството на морето.

Оваа туристичка прошетка која е светски позната, на туристите во исто време им овозможува возбудливо, но и искуство исполнето со спокој.

– „Ова е убавина која секој треба да ја види“

Градоначалникот на општина Фетије Алим Караџа за АА изјави дека кога ќе се погледне од падините на планината Бабадаг, луѓето се соочуваат со прекрасна глетка на Мртвото море која секој би требало да ја види.

Потсетувајќи дека во подрачјето се одржа Меѓународниот фестивал на воздушни игри „Мртво море“, една од најголемите игри во воздух на светот, Караџа информираше „Во областа пречекавме 1.200 спортисти од 73 земји. По завршувањето на пандемијата се подготвуваме за уште една активност. Мртвото море поседува најубава околина на светот. На секој му препорачувам да го посети и да ужива во убавините на овој регион.“

Ердал Аккуш летач со параглајдер кој оваа професија ја извршува веќе 28 години рече дека за време на летот, од птичја перспектива има извонреден поглед на Мртвото море.

Велејќи дека честопати има можност да се сретне со туристи кои го прошетале речиси секој дел од светот, Аккуш изјави дека тие туристи биле воодушевени од глетката на Мртвото море.

„Туристите имаат можност прекрасната глетка да ја видат не само од земја, туку и од воздух. Од воздух имате неверојатен поглед. 8 години од мојот живот ги минав гледајќи ја таа прекрасна панорама. Сведок сум дека туристите кои уживале во оваа глетка изјавуваа дека никаде на светот не се соочиле со убавина слична на оваа“, рече Аккуш.

Омер Али Каја (28) кој е дојден на одмор во Фетије за да ужива во убавините на Мртвото море изјави „Водата на Мртвото море е без бранови, плитка и пречиста. Кога со параглајдер ќе полетате од планината Бабадаг, пред вас се отвора еден поинаков свет, со прекрасна панорама. Прекрасна е водата во Мртвото море, но особено е убав погледот на ова море. Дефинитивно им препорачувам на сите што ќе дојдат на одмор тука, да ги видат овие убавини“.


Администратор
10/08/2020 02:40