Не ми се допаѓа изјавата дадена од Комисијата или кризниот штаб, не знам точно кој ја даде, дека ако нема заразени од Ковид 19 во една општина таму треба да има настава во училиште - и после сите да се заразиме, вели еписдемиологот од Гевгелија Сашко Олумчев. За него е неприфатливо да се стартува со учебната година во училници оти нема да се спроведуваат ригорозните мерки.
-Значи ако таму има најмала бројка на заразени затоа што се почитуваат мерките, не треба да делуваме во насока да ја зголемиме таа бројка и после да продолжи да расте на ниво на целата држава, вели Олумчев за Алфа.
Дури и да започне учебната година од септември, помалите ученици нема да можат да издржат цело време да носат маски, а учениците до 14 години, како асимптоматски носители, се двојно повеќе зарзни, додава докторот.
– Ќе имаме, нели, секако, носители асимптоматски, особено меѓу децата, многу брзо, еве и да почне училиштето, многу брзо ќе ни се јави некој позитивен. Штом се јави некој позитивен, сметајте дека цело одделение оди во изолација. Покрај одделението оди и наставникот во излолација, ако се работи за вишите одделенија, сметајте дека ако одржале повеќе наставници часови, ќе одат и тие наставници во изолација, така да, малку ќе се искомплицира тој процес, смета Олумчев.