По повод интернационалниот ден на млади, Младинскиот образовен форум денеска организира едночасовна дискусија насловена „Замисли си желба за квалитетна младинска политика“.

-Покрај тоа што е Интернационален ден на млади, оваа година на 12-ти август најјасно ќе може да се забележи метеорскиот дожд на Персеидите, па одлучивме да ја искористиме метафората – замислување на желби за подобри младински политики и поактивно вклучување на младите во овие прашања, особено во период формирање на нова влада, законодавен дом и надлежни ресорни министерства, информираат од МОФ.

Дискусијата, според организатрорите, ќе опфати теми важни за младите, почнувајќи од квалитетно образование, вработување и отселување, сексуално образование, па се до ментално здравје, и младинско учество. Идејата, велат од МОФ, е да се изработи листа на препораки кои ќе се достават до надлежните институци од новата Влада и Собранието како ново-конституираниот законодавен дом.

Настанот ќе вклучи пет говорници, од МОФ, ХЕРА, студентско собрание, Го Грин и Националниот младински совет.