На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се девет пациенти. Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти од кои на кислородна поддршка се 27 пациенти, и нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, четири деца позитивни на вирусот, и шест пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се седум пациенти. Вкупно хоспитализирани се 73 пациенти од кои на респираторна машина се шест пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 137 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.