Претседателот на Македонскиот полициски синдикат Марјан Кицев го потпиша договорот за давање на бесплатни правни услуги за членовите на МПС во делот на правата од работен однос со адвокатката од Кичево Хамдије Адеми Тафа.

-Македонскиот полициски синдикат е организација која секогаш ќе се бори за остварување, унапредување заштита на заедничките и посебните интереси на своите членови, меѓу кои е и пружање на правна заштита, правна помош и застапување на правата од работен однос на своите членови на територијата на Апелациски Суд Гостивар, отвори постапка за набавки на која конкурираа повеќе адвокатски канцеларии. По спроведување на постапката од страна на Комисија за набавки на МПС како најповолна понуда од надлежната кожисија е избрана мојата понудата која беше доставена, за што јас сум им благодарна за укажаната доверба, вели адвокатката од Кичево Хамдије Адеми Тафа.

Согласно предметниот договор адвокатката од Кичево Хамдије Адеми Тафа ќе пружа бесплатна професионална и стручна правна заштита, правна помош и застапување на правата од работен однос на секој член на Македонскиот полициски синдикат кој од името на МПС ќе се јави кај неа односно сите членови на МПС кои работат на територијата на подрачјето на Апелациски Суд Гостивар.