На улицата ,,Петар Мусев“ во Богданци денеска почна изградбата на атмосферската канализација, со должина на зафатот од 412 метри на кои ќе се направи и реконструкција на дел од колекторскиот систем кој создаваше проблеми при пообилни врнежи, соопштија од општината.

-Атмосферската канализација и ставањето во функција на колекторскиот систем имаат витално значење за жителите на Богданци бидејќи решаваат децениски проблем во општината. Нивното ставање во функција ќе овозможи собирање и одведување во реципиентот Луда Мара на атмосферската вода, која ќе биде одделена од фекалната, велат од општината.

Зафатот треба да биде завршен во рок од 60 дена од една скопска градежна фирма, а неговата реализација локалната самоуправа на Богданци ќе ја чини околу два милиони денари кои се обезбедени од сопствениот буџет.