Престедателот на СОНК Јаким Неделков не е оптимист дека наставата во училиште може да се реализира на начинот што протоколарно министерството за образование го замисли. Без консултација со наставниците не може да биде стратегијата, смета Неделков, нагласувајќи дека МОН никогаш не ги побарал за консултации.

-Ние директно не сме инволвирани во подготовката на актите за тоа како ќе изгледа новата учебна година, иако ние сме најинволвираните работници во оваа проблматика. Многу време се обрнува на изработка на протоколи, а многу малку се слуша гласот на наставникот кој треба да ги спроведува истите. Ние ги прочитавме, но прашањето е дали се применливи, оти воспитанието и образованието се специфични дејности што секојдневно трпат импровизации - па оттука и дилемата дали ќе можат правилата да се спроведат така како што се замислени, нагласи Неделков во синоќешната „Што не е јасно?„.

Во меѓувреме дел од медиумите веќе објавуваат дека во недостиг на соодветна, конечна насока како од 1ви септември, наставниците во некои училишта самите се организираат да си направат обуки за онлајн настава - за секој случај - за да не бидат оштетени учениците како изминатите месеци.

Информација која особено создава револт е последната најава на министерот Венко Филипче, дека дури следната недела ќе се знае кога и како точно ќе стартува наставата.