Зошто беше брзањето за парламентарни избори ако и после месец дена немаме активни институции а веројатно и следните 20 ќе бидат максимално искористени за преговорите за нова влада, прашува активистот Ивор Мицковски.
- Речиси месец дена од избори во услови на корона.
Се отиде на одмор, институции се блокираат заради мекици и лични каприци, дури сега почнува рок од 20 дена за нови преговори за составување Влада.
Влада некаде околу септември, никакво решение за почеток на учебната година и како тоа би се извело, со деца и млади кои трајно губат од отсуството од образовниот и општествен процес на настава и едукација.
Се бараа брзи избори за брза влада која нуди решенија.
Се добија само одложувања, гадни дилови и отсуство на решенија.
А, да, и Дино Парк, коментира Мицковски.