Јавното претпријатие „Македонија пат“, подружница Скопје, од денеска ќе изведува градежни работи, асфалтирање на регионалниот пат село Галичник – Маврово.
Како што соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), асфалтирањето ќе се одвива во правец од село Галичник кон Маврово. Работите ќе се одвиваат секој работен ден и за време на викенди во период од 10:00 до 16.00 часот, кога сообраќајот ќе биде во прекин.
На местото на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.