Заврши асфалтирањето на уличките во населбата Средорек, во Куманово, информираа денеска надлежните од одделението за комунални дејности од општината
За реконструкција на краците во должина од 384 метри од буџетот беа одвоени 1,5 милиони денари.
Градежните активности на терен ги спроведе фирмата „Кооп Инжињеринг“ од Кумановоинформираа претходно од одделението за комунални дејности од општината.
Во средината на јуни годинава, се реконструираше и фекална канализација во населбата во должина од 241 метар за што беа одвоени 2, 1 милион денари.
Жителите на Средорек, велат дека по повеќе години добиваат добра инфраструктура со која значително се подобруваат условите за живот во една од најстарите населби во градот.