Зголемени и над просекот за август се водостоите на повеќето реки, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Драстични покачувања бележат Бабуна кај Богомила, за 19 пати, и Треска кај Македонски Брод, за седум пати.

Според УХМР, под августовскиот просек се Лепенец кај Скопје и Крива Река кај Крива Паланка.

Состојбата на езерата, Охридското, Преспанското и Дојранското, нема позначителни промени.