Ученици од основното училиште „Јосип Броз Тито“ од Валандово ќе бидат стратешки партнери во четири проекти од Еразмус + програмата на националната агенција за европски образовни програми и мобилности, кои се дел од клучната акција за училишна размена.

-Преку овие проекти учениците и наставниците од нашето училиште ќе стекнат искуства и ќе разменат добри практики од теми поврзани со екологија,глобалното затоплување,зачувување на животната средина,меѓуврсничкото малтретирање и употребата на нови дигитални алатки во процесот на учење, велат од училиштето.

Тим составен од четири наставници ќе ги координира учениците од Валандово кои во реализација на проектите ќе работат со врсници од училишта во Шпанија, Португалија, Италија,Турција, Полска, Литванија и уште неколку европски земји.

Реализацијата на проектите ќе почне од први септември годинава, а треба да заврши кон крајот на август 2022 година.