Со делење на едукативни флаери и укажување за внимателно и бесбедно управување со возилата, сообраќајната полиција и Полициската станица од општа надлежност во Крива Паланка ја одбележаа неделата на безбедност во сообраќајот.
– Во текот на денот на пунктот поставен во центарот на градот, во близина на градскиот плоштад, сообраќајците и волонетри на Општинската организација на Црвен Крст, Крива Паланка ја спроведоа акцијата насловена „Го сакам градот безбеден“. Беа запирани возилата на минувачите, со укажување на ваѓноста од безбедно и внимателно возење и им беа поделени флаери, а иститите беа поделени и на останатите учесници во сообраќајот, како пешаци и моторцикслисти, информираат од ПС ОН – Крива Паланка.
Промотивните лифлети кои ги добиваа возачите и пешаците ги содржеа клучните пораки како: „Ова лето безбедноста нека биде на прво место“, „На секое патување најважно е безбедно да пристигнете на посакуваната дестинација“, „Не го потценувај заморот, вози одморен“ и други.
Од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата информираат дека во изминатата година како последица на неодговорното учество во сообраќајот во Република Северна Македонија животот го загубиле 132 лица во сообраќајни незгоди, а 5164 лица се повредени.