Општина Струмица почна да ги заменува старите корпи за отпадоци со пепелници со нови, соопштија денеска од Општината.
– Набавени се вкупно 120 нови корпи, од кои 60 ќе бидат поставени денеска и утре, а останатите наредната недела. Со тоа сите стари корпи за отпадоци на плоштадот и булеварите ќе бидат заменети со нови, коишто не само што изгледаат поубаво, туку се и многу попрактични, информираат од Општина Струмица.