Со вечерна богослужба во храмот „Света Троица“ и Молебен пред Параклисот, вечер во Радовиш почнува чествувањето на патронот и заштитникот на градот-Свети Спасо Радовишки.
Одбележувањето е под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Радовиш, а во организација на Македонската православна црква, Брегалничка епархијаХрам Света Троица.
Чествувањето продолжува утре со Света литургија и славски колач.
Од Организациониот одбор информираат дека согласно протоколите и препораките оваа година црковниот дел од чествувањето ќе биде организиран со помал број активности и со преземање на сите неопходни мерки за заштита на граѓаните, носење заштитни маски и одржување на дистанца.