Интензивно се рехабилитира регионалниот пат од Пробиштип до село Крупиште, кој е главната сообраќајна артерија кон Штип и Кочани.

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов информира дека дека поради градежните активности на регионалниот пат Р1205 Крупиште – Пробиштип, од денеска ќе биде затворен за сообраќај од местото Киселица до село Неокази.

– Сообраќајот ќе биде пренасочен и ќе се одвива по регионалниот пат Р 2232 Пробиштип – Злетово и локалниот пат Леговец.Забраната за сообраќај ќе биде на сила до завршување на градежните активности.За нормализација на сообраќајот на регионалниот пат Р1205 Крупиште – Пробиштип ќе бидете известени преку електронските и социјалните медиуми, вели Анатасов.

Во текот на изградбата се покажа дека на одредени делови на овој пат мора да се прави детална реконструкција, со ископи на патот и до два метри, но и негова дренажа кој ќе го заштитуваат патот особено во зимските периоди. Рехабилитација и реконструкција на регионалниот пат Пробиштип – Крупиште, беше со првична вредност од 212.751.569 денари, средства обезбедени од Јавното претпријатие за државни патишта на Република Македонија.