Волонтери од делчевскиот Црвен крст денес ги штитеа граѓаните од топлото време. Во рамки на својата активност покрај делење вода за заштита од топлотниот бран, тие делеа и флаери со совети за заштита од коронавирус.
-Со овие активности се вклучуваме активно во делот заштита на здравјето на граѓаните, со посебен акцент на советите за заштита од Ковид-19. Во рамки на активноста ги запазивме сите мерки за заштита од овој вирус кој зема се поголем замав во нашиот град, истакна волонтерот Михаела Маџовска.
Во резлиацијата на активноста волонтерите добиле поддршка од неколку локални фирми кои помогнале со свои донации.
-Благодарност до сите кои дадоа свој придонес за реализирање на акцијата, како фирмата Телхо-Дел од каде ја обезбедивме флашираната вода, како и на фирмата Трентекс која за успешно спроведување на ацкијата донираше заштитна опрема, додаде Маџовска.
Од Црвен крст најавија дека ваквите теренски превентивни активности за справување со топлото време и заштита од Ковид-19 ќе продолжат и во наредниот период.