Два случаја позитивни на коронавирус се регистрирани денеска во Тиквешко.

Се работи за дваесетгодишна росоманка и 47-годишен неготинец. Двајцата не знаеле од каде се заразиле, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Новозаболените биле со лесна клиничка слика и на домашно лекување. Се утврдуваат нивните контакти, со цел нивна изолација.