Пензионер од Неготино на возраст од 67 години е новозаболен од коронавирус и се наоѓа на Инфективна клиника во Скопје.

Доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци, за МИА рече дека неготинецот претходно се лекувал во други болници за други болести, а кога бил тестиран, неговиот тест бил позитивен на Ковид-19.

Се утврдуваат неговите контакти, со цел нивна изолација.