Здравствен дом во Делчево информираше дека денеска е зголемен бројот на прегледи на лица кои имале симптоми на коронавирус.

-Од почетокот на неделава имаме тројца пациенти кои се пратени на Инфективно. Поради заштита и сигурност на персоналот и пациентите, при прегледите ги изолиравме во посебни простории за да не се заразат еден од друг. На тие лица им се направени тестирања по што резултатите се очекуваат во текот на следните денови, велат од здравствениот дом. Уште еден случај на Ковид-19 денеска е регистриран и во Македонска Каменица. Станува збор за директорот на комуналното претпријатие од општината, Влатко Андоновски, кој воедно е и претседател на Општинската организација на СДСМ. Веста за позитивниот тест Андоновски ја соопшти на социјалните мрежи. Се тестирал откако во саботата имал симптоми и ќе биде со семејството во изолација. Од останатите општини во Пијанечко-малешевскиот регион, три нови случаи денеска има и во Берово и Пехчево.