Тркалезната маса за „Состојбата, предизвиците и препораките поврзани со имплементацијата на политиките од областа на енергетиката“, ќе се одржи денеска во Скопје во организација на „Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој“ (ЦеПроСАРД).
На тркалезната маса ќе учествуваат заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, директорот на Агенција за енергетика Нехри Емрула, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски.
Тркалезната маса е во рамки на проектот „Посилна граѓанска поддршка за ефикасна апликација на политиките од областа на енергетиката во процесот на пристапување кон ЕУ“. Проектот се финансира од средства на Кралството Шведска, обезбедени преку Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (SIDA), во рамките на проектот „Нордиска поддршка за прогрес на Северна Македонија“, кој го спроведува Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги УНОПС (United Nations Office for Project Services).