Општина Кисела Вода изврши дезинфекција на сите автобуски постојки на својата територија, со цел заштита на здравјето на граѓаните од Ковид-19.
Од Општината соопштуваат дека ќе продолжат да придонесуваат за побрзо надминување на кризата со новиот коронавирус и ќе спроведуваат акции за дезинфекција на урбаната опрема во парковите, детските и спортските игралишта.
Општина Кисела Вода има во план повторна дезинфекција во градинките и училиштата.
-Вирусот Ковид-19 ќе биде победен, доколку целосно се почитуваат препораките од Владата и Министерството за здравство, истакнаа од Општина Кисела Вода.