На 37та седница пред советниците на Советот на општина Кичево беше презентиран финансискиот извештај на ЈКП „Комуналец” од Кичево за вториот квартал од годината.

Според презентираниот финансиски извештај што го презентираше преставникот на „Комуналец” Ардит Рамадани во овој период што значи вкупно во двата квартали, првиот и вториот фирмата остварила добивка од над девет милиони денари.

– Во ЈКП „Комуналец” во првите шест месеци приходите изнесуваат 64.757.761 денари кои се главно од услужните дејности, додека пак расходите биле 55.631720 денари кои се главно за платите на вработените, па од тука произлегува дека кичевски „Комуналец” остварил добивка од 9.126.041 денари, додаде Рамадани.