Центарот за јавно здравје во Куманово во последниве 24 часа евидентира 17 нововозаболени од Ковид-19, сите од градот, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа. Оздравени се 34 пациенти.
– Новозаболените потекнуваат од веќе познати кластери. Тие велат дека имале контакти со заболени членови од семејства, од работни места, изјави директорот на Центарот, д-р Ариф Љатифи.
Извршени се 23 тестирања од кои 19 по „МојТермин“ и четири тестирања се извршени согласно епидемиолошки индикации.
Од почетокот на пандемијата во кумановско-липковскиот регион, Ковид дијагностицирани се 1.513 лица, а во моментов активни се 281.