Општина Охрид спроведува активности за уредување на тротоарите од улицата „15 Корпус“. Во тек е уредувањето на левата страна од улицата, а по завршувањето ќе се продолжи со уредување и на другата страна.
Активностите се во рамки на проектот за реконструкција на улицата со заокружување на работите од првата фаза. Претходно се изврши поставување на нова атмосферска канализација, асфалтирање и се вршеше уредување на пашачките и велосипедските патеки од двете страни на улицата.
Втората фаза од реконструкцијата е веќе започната, со изградбата на три потпорни ѕидови. Според проектот следни зафати се поставувањето на атмосферска канализација на потегот до влезот од село Лескоец.
Буџетот предвиден за овој проект е 58 милиони денари. Од нив 30 милиони денари се обезбедени од буџетот на Општина Охрид, а 28 милиони денари од ЈП „Државни Патишта“. Вкупната должина на улицата „15 Корпус“ е 1900 метри.