Пешаците недисциплинирани и понатаму улиците ги преминуваат на необележани пешачки премини, покажа акциската контрола на СВР-Штип, која ја реализираше денеска од 10 часот.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова во соопштението наведува дека најмногу од прекршоците, кои ги сториле пешаците биле за небезбедно преминување на улица и тоа вкупно 23 , а пет за некористење тротоар за движење. За сите овие прекршоци изречени се соодветни санкции.

Притоа, биле констатирани 33 прекршоци од кои: девет во Штип, 12 во Кочани, три Пробиштип, по еден Виница и Свети Николе, три се во Делчево, четири во Берово, се вели во соопштението од СВР-Штип.

Полициските службеници во текот на акцијата е наведено дека санкционирале и 34 останати прекршоци.