Во последното деноноќие во Дебар регистриран е еден случај на новозаболен со Ковид-19, што е осми случај дијагностициран во периодот од една недела.
Тие се од направените 26 тестови на сомнителни случаи, што подразбира дека позитивни на Ковид-19 се 30 отсто од тестираните.
Денес нема оздравени, но во неделава која изминува битката со опасниот вирус ја добиле 63, додека за жал починало едно лице.
-Со последно дијагностираните вкупниот број на заразени со опасниот вирус во Дебар и Центар Жупа,изнесува 260, во списокот на оздравени се впишани 219 а починале 12 лица. Активни на болеста се 29 лица, информираа од Центарот за јавно здравје од Охрид, во чии рамки делува Работната единица во Дебар.
Од дебарската единица пак, која со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа, додаваат дека од активните случаи поголем број се лекуваат во домашни услови или амбулантски во Општата болница со проширена дејност во Дебар, а само петтмина се пациенти во здравствени установи во Скопје.
Од таму го повторуваат апелот строго да се почитуваат мерките и протоколите за заштита, кои, како што оценуваат, за жал и понатаму масовно не се почитуваат, што пак како последица е бројот на новозаразени.