Со средства од буџетот на општина Пласница, во село Преглово почна изградбата на една од најфреквентните улици која овозможува директно поврзување со Основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ и со скоро сите делови на селото.
– Онака како што беше предвидено, ние како Општина почнавме со изградба со бекатон коцки на една од главните улици во село Преглово. Оваа улица е важна за сите жители на селото Преглово, а особено за учениците бидејќи оваа улица директо се поврзува со Основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“, рече Елсан Нурчески, в.д. градоначалник на Општина Пласница.
И во наредниот период, како што рече, ќе продолжиме со нови градби се со цел сите улици да бидат изградени и современи, во ова населено место и во другите региони на нашата општина.