Еколошка акција беше реализирана на брегот на Тиквешко Езеро, еко активисти го собраа отпадот од езерскиот брег и го исчистија Брушански залив.
На тој потег се планира да се посадат дрвца. Настанот се совпадна со десетгодишнината од постоењето на регионалното еколошко друштво „Еко-живот" од Кавадарци, од каде што најавија и многу други вакви и слични настани за во иднина.
-Акцијата беше дел од проектот „European Youth at the frontlines of active citizenship: A Roadmap towards a collective South-North-East-West Momentum" организиран од Волонтерски центар Скопје, а поддржан од Европската комисија, преку програмите Ерасмус+ Европските млади заедно, појаснија денеска организаторите, активисти во невладината организација ,,KavInAction".
Тие изразија задоволство од соработката со ,,Еко-живот" и се заблагодарија на поддршката на спонзорите, компанијата ,,Кожувчанка"