Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и огранокот за Голо Брдо упати честитка по повод 8 септември, Денот на независноста.

Во неа се наведува дека со „прогласувањето на независноста на Република Македонија, точно пред 29 години, се оствари сонот што многу генерации Македонци го сонувале“.

-Денешниот ден потсетува на предизвиците што македонската нација успеала да ги надмине и да го оствари вечниот стремеж за независна Македонија и подобро утре. Честит да ни е 29 роденден на нашата матична земја, Република Македонија. Да е вечен, да го почитуваме и славиме овој голем ден, стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и претседателот на разгранокот за Голо Брдо, Или Халилај.

Чститка по повод денот на независноста упати и македонската партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интегрција (МАЕИ).