По повод денот на независноста, делегации од локалната самоуправа на Прилеп, од Сојузот на борците, од политички партии и здруженија денеска положија свежи цвеќиња и им оддадоа почит на борците на Могилата на непобедените, на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто.
Тие го следеа сонот за независна држава, а наша задача е нивниот аманет да го исполниме, рече прилепскиот градоначалник пред Могилата на непобедените.
– Нашите предци се бора за независна, просперитетна држава. Нивниот сон се исполни, но и аманетот што ни го оставија: чекориме кон Европската унија, чекор по чекор настојуваме да обезбедиме економски просперитет и развој, рече Јованоски.
За Круме Соколоски, претседател на прилепскиот Сојуз на борци, светото место на Могилата на непобедените каде се моштите на 650 борци од НОБ, секогаш буди спомени и потсетување дека на новите генерации треба да им обезбедиме сигурност и стабилност.
– Им порачувам на младите да паметат дека преку НОБ и Револуцијата се изборивме за независна држава. Имаме кадри, потенцијал, признати од многу земји, пред вратите на ЕУ сме и се надевам дека ќе имаме посигурна иднина, рече Соколоски.