Докторот специјалист по спортска медицина од Кавадарци, Бошко Илиев (55) од Кавадарци денеска ја преплива акумулацијата „Турија“ кај Струмица во должина од шест километри за време од два часа и 36 минути.

Станува збор за негов 91 маратон на кој пливал и е дел од маратоните за промоција на езерата и природните убавини во земјава.

Минатата година тој ја преплива акумулацијата Водоча кај Струмица, а пливал во Кавадарци, на Крушевското езеро, на Свети Наум на Охридско, а следна негова дестинација е Дебарското Езеро.

Настанот го подржаа општина Струмица и градоначалникот Коста Јаневски, а го помогнаа и членови на ЗСР „Шампион“ од Струмица.