Седумдесет и осумгодишен пациент е втората жртва од Ковид-19 за неполни два дена во Делчево, откако претходно како резултат на компликации почина 86 – годишен жител на тој град. Во општината денеска се потврдени шест нови случаи со Ковид-19.

-За жал неповолната ситуација со вирусот продолжува. По претходните 21 случај за три дена денеска имаме нови шест случаи што за мала општина како Делчево е премногу. Иако случаите се водат заедно со Македонска Каменица сепак вирусот влезе во повеќе семејства и резултатот е видлив, истакнаа надлежните.

Четворицата пациенти се оздравени. Освен во Делчево и Македонска Каменица во градовите од опкружувањето денеска не се регистрирани новозаболени од Ковид-19.