Амбасадорката на Јапонија Кеико Ханеда денеска ќе ја посети Виница каде ќе се одбележи затворање на проект со кој беше обезбедена донација за набавка на ровокопач за Јавното комунално претпријатие во оваа општина.

Проектот е дел од седумте кои се завршени, а со кои се обезбедени донации за реновирање на болници во Кавадарци и Македонски Брод, набавка на амбулантни возила во болниците во Тетово и Велес, и јавните комунални претпријатија во Валандово и Крива Паланка за набавка на нови комунални возила и ровокопач.

Проект за опремување на Јавното комунално претпријатие „Солидарност“ за набавка на ровокопач е во вредност од 29.054 евра.

Во следните месеци, ќе бидат спроведени уште 12 церемонии на примопредавање во седум региони за повеќе проекти.