Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“-Битола објави конкурс за доделување годишни награди за необјавени книги поезија, проза и книжевна критика.

Конкурсот е во рамки на меѓународната манифестација „Битолски книжевни паметења“ на која организаторот доделува и награда за книга од странски автор напишана или преведена на македонски јазик.

-Сите награди се состојат од диплома, печатење и промоција на наградените книги. Ракописите, комплетно графички уредени да се испраќаат до 1 октомври. Во категоријата поезија обемот на ракописите треба да е од 60 до 80 страници, во категоријата проза, од 80 до 100 страници, додека во категоријата книжевна критика од 100 до 130 страници, информираат од „Битолски книжевен круг“ и појаснуваат дека на конкурсот немаат право да се пријават членовите од раководството на Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ како и досегашните добитници на награди во која било категорија.