Каменичките и делчевските ловџии засилено се подготвуваат за ловната сезона која почнува идниот месец. За таа цел, како што информира Ловното друштво „Каменица Саса”, во тек е обнова на членството за сезоната 2020/21.
-Во тек е обновата на годишната членарина за ловната сезона 2020/2021 година. Крајниот рок е 30.09.2020 година. Сите ловци кои сакаат и натаму да бидат дел од Друштвото, да ги регулираат своите обврски најдоцна до 30 септември, известуваат од Ловното друштво.
По истекот на овој датум ќе бидат преземени соодветни санкции за членовите кои ја немаат регулирано членарината. Тие ќе бидат исклучени од Ловното друштво.
Членовите на Ловното друштво „Острец” од Делчево, пак, во рамки на подготовките за почетокот на ловната сезона ја пуштија во употреба Ловната куќа на планината Голак која ќе им биде прибежиште на делчевските ловџии.
Ловната сезона официјално почнува во првата недела од октомври и ќе биде отворена за крупен дивеч, дива свиња, волк и лисица, а ќе трае до крајот на јануари 2021 година.