Националнта установа Центар за култура-Битола организира изложба, избор уметнички дела на авторот Слободан Рајчевски.
Изложбата од циклусот уметнички дела на Рајчевски ќе биде поместена во културниот центар Магаза, каде е закажано вечерашното свечено отворање што ќе почне во 20 часот.
Од НУ Центар за култура-Битола посочуваат дека летните културни настани во нивна организација не запираат и сите се со почитување на протокол за заштита од Ковид-19.