Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира осум нововозаболени лица од Ковид 19, сите од Куманово, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа. Како што соопшти Министерството за здравство, оздравени се 32 пациенти.

– Новозаболените веќе имале контакти со лица кои биле позитивни на вирусот, изјави директорот на Центарот, д-р Ариф Љатифи

Денеска се изврешни 23 тестирања, од кои 18 преку „Мој Термин“ и пет тестирања извршени согласно епидемиолошки индикации.

Од почетокот на пандемијата во кумановско-липковскиот регион, Ковид дијагностицирани се 1.562, а во моментов активни се 206 случаи.