Британската глумица и дама на Големиот крст, Дајана Риг почина вчера на 82-годишна возраст, во својот дом во Лондон.

Нејзината ќерка – глумицата Рејчел Стерлинг, ја информираше јавноста дека причината за смртта е рак што ѝ бил откриен во март.

Дајана Риг е родена во Донкастер, Англија. Глумеше во „Џејмс Бонд: Во служба на Нејзиното височество“, „Игра на престоли“ и во 70-тина други филмски и ТВ проекти. Имала свои улоги и на њујоршкиот Бродвеј театар.

Во 1994 година, таа од Обединетото Кралство ја доби и титулата дама на Големиот крст за особен придонес кон британската драма.


Администратор
11/09/2020 16:39