Медицинско лице од Неготино кое работи во Скопје е позитивно на Ковид-19.

Ова е најновиот случај на коронавирус во Тиквешко во изминатите 24 часа, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Лицето нема симптоми и не знае каде се заразило со вирусот. Се наоѓа на домашно лекување. Се утврдуваат контактите, со цел нивна изолација