Школата за уметност АДАМС-АРТ која работи под раководство на проф. Анкица К. Стевановска, аладемски сликар и иконописец, отвори изложба на уметнички дела, слики и цртежи чии автори се надежни и талентирани деца и возрасни.
Уметничките дела на дваесеттина автори, членови на школата АДАМС-АРТ, поместени се во фоајето на НУ Центар за култура-Битола, а културната јавност ќе може да ги види викендов и во понеделник до 14 часот, информираа организаторите на ликовната изложба.
Свеченото отворање на ликовната изложба на уметнички дела од надежни и талентирани автори што се одржа пред битолскиот Центар за култура беше проследено со програма во изведба на музички таленти од овој град.