На средбата било разговарано за тековните инвестиции и реконструкции што се реализираат во образовните установи, како и идните проекти што Општина Охрид ги планира за подобрување на условите во образовните институции.
Градоначалникот на Охрид со претставници на општинските служби надлежни за образовниот процес одржаа состанок со директорите на основните и средните училишта од градот, со цел спроведување на потребните подготовки за непречено одржување настава во престојната учебна 2020/21 година.
На средбата било разговарано за тековните инвестиции и реконструкции што се реализираат во образовните установи, како и идните проекти што Општина Охрид ги планира за подобрување на условите во образовните институции.
На средбата било разговарано и за интервенциите што треба да се спроведат за осовременување на постоечката интернет инсталација во училишните објекти и за набавка на дополнителна компјутерска опрема зависно потребите.
Општина Охрид веќе има изготвено Преглед за спроведување на воспитно-образовниот процес според сите протоколи за време на пандемија и врз основа на барањата од училиштата за настава со физичко присуство. Прегледот со барањата е доставен до владината Комисија што ќе решава во кое училиште ќе може да се организира наставата со физичко присуство. Барањата за организирање на настава со физичко присуство, охридските училишта ги имаат направено врз основа на просторните услови, бројот на ученици и анкетите на родителите спроведени во текот на изминатиот период.
Следејќи ги протоколите и мерките за заштита од КОВИД-19 Општина Охрид започна постапка за набавка на средства за дезинфекција, термометри и сите други потребни материјали за здравствена безбедност на учениците и наставниот кадар, а пред почетокот на учебната година планирано е да биде извршена целосна дезинфекција