За два месеца треба да биде завршена изградбата на каналот за прифаќање поројни води во селото Градашорци и со тоа да се реши долгогодишниот проблем на жителите од ова населено место, информира градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев.

-Должината на каналот што се уредува изнесува 680 метри и е во опфатот на населеното место. Се гради со камен, а за премостување е предвидена изградба на бетонски мостови, прецизира Јанев.

Изградбата чини околу 7,8 милиони денари од кои околу 6,5 милиони се обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање преку Програмата за управување со водите за 2020 година. Останатите средства се од општинскиот буџет.