Активно вклучување на Форумот на жени во креирање на јавните политики, подигање на јавната свест за застапеноста на жената како носителка на јавна функција, почитувајќи го принципот на родова базирана еднаквост се клучните приоритети од средбата на Форумот на жени на Либерално-демократската Партија.

На семинарот се развиваа стратешки планови за активното учество на Форумот во сите внатрепартиски тела, а воедно се јакнеа капацитетите на внатрешната структура на локално и национално ниво. Учесничките се согласија дека и понатаму ќе ги негуваат либералните вредности, рамноправната застапеност на жената и нејзино интегрирање во внатрепартиските тела, органи и совети.

- Форумот на жени на ЛДП дава безрезервна поддршка за измени на Изборниот законик за воведување на квота 50/ 50 за застапеност на жените, но само како привремена мерка и не како трајно решение. Исто така, за нас од особена важност е усвојувањето на Етичкиот Кодекс на партијата, кој е во завршна фаза. Со тоа ЛДП ќе биде првата политичка партија во РС Македонија која ќе го има донесено таков Кодекс, порача Билјана Аврамовска Ѓоревска, претседателка на Форумот на жени.

Фокус на жените е стратегијата за настапот преку Форумот за следните локални избори, подготвувајќи ги кандидатките со комуникациски вештини за подобрување на внатрешната и надворешната комуникација.

Претседателката на ЛДП-Ѓорче Петров, Билјана Сребревска вели: „Обуката беше мултифункционална и го задржа вниманието до крај. Се создаде позитивна клима за размена на искуства со цел подобро и поквалитетно социјално дружење и работење, колективна позитивна и повисока свест. Задоволни и оптимистички закажавме следна средба.“

„Добар семинар, стекнати сознанија и размена на искуства од областа на лидерството и учеството на жената во политиката. Ние жените од ЛДП продолжуваме понатаму“, истакна Лидија Ѓошевска претседателка на Форумот на жени во Битола.

Ефтимија Карбева Лукарова како потпретседателка ЛДП-Велес, ја објаснува одличната интерактивна и креативна обука со многу позитивни впечатоци: „Се надевам дека едукацијата на оваа тема ќе се прошири и продлабочи во иднина. Жените на Либерално-демократската партија уште еднаш ја докажаа својата позитивна енергија, кохезија, современост и уникатност. Продолжуваме заедно понатаму, бидејќи сме силни, моќни, квалитетни и успешни.“

„Слично како во врска или во брак, во политиката победува погласниот. Жените од ЛДП не молчат. Сите треба да се борат да го добијат заслуженото место на политичката сцена во нашата држава“, рече претседателката на ЛДП-Аеродром, Силвана Трбогазова.

Претседателката на ЛДП- Кисела Вода, Марина Чорбевска за настанот истакна дека бил корисен, интерактивен и конструктивен, додавајќи: „Реализиран на начин, кој е забавен и мотивирачки. Прекрасно време поминато заедно со членките на Форумот на жени при ЛДП, кои со нивните идеи и позитивна енергија придонесоа да ги градиме и унапредуваме нашите политики и заложби на жени и лидерки во политиката.“

Сите учеснички испратија силна порака дека во ЛДП размислуваат различно и градат силни општини за силна држава.


Администратор
15/09/2020 15:34