Во градинките во Велес има интерес на родителите за престој на нивните деца посебно во групите од 0-2 години, каде поради посебните протоколи заради Ковид-19 се прифаќаат само шест деца. Но новата завчерашна одлука на Владата ќе овозможи зголемување на групите со прифаќање на двојно повеќе или 12 деца во овие групи. Во групите од 3 до 6 години се прифаќаат по 15 деца.

Од првиот работен ден од 9 септември па во изминатава недела сите активности се одвиваат според предвидената динамика и без потешкотии.

Градинката својата работа ја организира врз основа на „Оперативен план за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по укинување на вонредната состојба” донесена од страна на Владата на Р.С.Македонија,потенцира градоначалникот Аце Коцевски.

Тој појасни дека за сите структури на вработени, изготвени се протоколи,според кои се одвива работењето и се преземаат активностите поврзани со: одржување,чистење и дезинфекција на објектите, прифаќање , згрижување и воспитување на децата,подготовката на храна за децата ,приемот и испраќањето од градинката.

Коцевски информира дека институцијата ОЈУДГ „Димче Мирчев“ Велес строго се придржува кон насоките од протоколите и во целост ги спроведува.

Тој информира дека согласно протоколите за ограничен број на деца во групите:на возраст од 0-2год предвидени за згрижување се по 6 деца, но со новата одлука на Владата нивниот број ќе се зголеми на 12 деца додека за групите од 3-6 може да се згрижат до 15 деца, а за кои се грижат двајца вработени воспитувач и неговател.

Тој информира дека согласно овие проекции ,градинката во сите 6 објекти во градот и трите објекти во Градско,Чашка и Караслари може да прифати 650 дечиња од запишаните 1081 дете..

Коцевски информира дека во првичните анкети,од вкупно пријавени 404 деца, на кои им е итно згрижувањето,на првиот ден присуствувале 232 дечиња,во деветте објекти

Во градинките надвор од градот,во Градско,Чашка и Караслари а кои се во состав на велешката ОЈУДГ „Димче Мирчев“ ,иако во моментов интересот за згрижување е мал, сепак дејноста се одвива,информира Коцевски.

Тој појасни дека приоритет во згрижувањето во овој период имаа самохраните родители и децата чии двајца родители се вработени и своите работни задачи не можат да ги извршуваат од работното место

Тој оцени дека интересот на родителите за згрижување на своите деца во градинките сè повеќе расте, а со тоа се зголемува и присуството на децата.

Информира дека најголем интерес за згрижување има во групите на деца од 0-2 год ,за коишто поради малиот број на деца кои може да се прифатат (6), Институцијата не можеше да излезе во пресрет на сите барања. Но, со оглед на новата одлука којшто завчера беше донесена од Владата на Р.С Македонија, бројот на деца во овие групи ќе се зголеми на 12, а со тоа и можноста за нови уписи.

Коцевски информира дека приемот на децата во градинките се врши на вкупно 20 влезови, на кои секојдневно од страна на посебно задолжени лица од градинката, на децата им ја мерат температуратасо безконтактен термометар. Истата уредно се евидентира во евидентен лист. Децата кои имаат покачена температура на влез не се прифаќаат во градинка.

Појасни дека во случај на симптоми на КОВИД -19 ,градинката има посебен Алгоритам за постапување,со децата и со возрасните.За таа цел во секој објект има определено соба за изолација и медицинско лице коешто во случај на потреба ќе ги извести родителите,матичниот лекар и ЦЈЗ.

-До денес, здравствената состојба на децата и вработените е стабилна. Родителите доследно се придржуваат на пропишаните протоколи при приемот, држат соодветно растојание на посебно одбележани симболи, носат заштитни маски, доаѓаат во градинка во временската рамка која ја навеле во сопствената изјава, информира Коцевски.

Тој најави дека со оглед на тоа дека капацитетите не се целосно исполнети, во периодот што следи градинката планира да направи дополнителни анкети со останатите родители со цел да излезе во пресрет на што е можно повеќе семејства на кои згрижувањето на детето им е секојдневен проблем.